ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА ВО ГРЦИЈА: За една седмица 47 нови случаи, досега регистрирани вкупно 157 и 13 починати лица од овој вирус
- За една седмица во Грција биле регистрирани 47 нови случаи на вирусот Западен Нил и починале четири лица, покажуваат податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.
- Најмногу случаи во Атика Најголем број случаи се регистрирани во Атика, поширокиот регион на Атина, каде што се потврдени 104 случаи.