ЗАКАНИ СО БОМБИ И СО ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДИ ВО ИНСТИТУЦИИ ВО АЛБАНИЈА Пораките стасале од мејл од Саудиска Арабија
- Неколку албански институции денеска добиле електронска порака со закани за поставени експлозивни направи и за терористички напади, соопшти албанската полиција, посочувајќи дека, според првичните информации, е-пораката била испратена од електронска адреса на образовна институција во Саудиска Арабија.
- Вчера албанскиот премиер Еди Рама ги обвини Русија, Иран, крајнолевичарското движење „Антифа“, политичките и верските екстремисти, како и лидерот на опозициската Демократска партија, Сали Бериша, дека се дел од сложена мрежа на влијание што ги поттикнува протестите во земјата со цел предизвикување насилство и ширење дезинформации.