Жестоки немири во Истанбул по демонстрациите за 1 Мај
- Повеќе од 550 лица се приведени на демонстрациите по повод 1 Мај во Истанбул, при што на одредени места дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата, а органите на редот употребија солзавец и водени топови, јавија турските и странските медиуми.
- Претходно, весникот „Бирѓун“ објави дека вкупно 57 членови на турската левичарска Партија за народно ослободување биле приведени од полицијата при обид да одржат маршеви во областа на плоштадот Таксим и во блискиот истанбулски кварт Меџидијекој.