ЕУ ТРЕБА ДА ГО СМЕНИ СИСТЕМОТ ЗА ПРИЕМ НА НОВИ ЧЛЕНКИ Ако утре заврши војната во Украина, како ќе ѝ испорачаме членство на земјата?
- Европската Унија мора да го промени системот за пристапување на нови членки, за да одговори на потребите на Украина, вели еврокомесарката за проширување, Марта Кос.
- Кос оцени дека барањето на Зеленски Украина да се приклучи на ЕУ веќе следната година е невозможно, но дека имало позитивен ефект бидејќи донело итност во дебатата, и ја бранеше идејата за прилагодување на процесот на пристапување кон специфичната ситуација на Киев.