ЕУ и Велика Британија: Посветени сме на стабилноста и просперитетот на Западен Балкан
- Во соопштението се наведува дека ЕУ и Велика Британија, во сѐ посложен и предизвикувачки геополитички контекст, посветени се на тесна соработка во рамките на стратешко партнерство, како и на исполнување на заедничката одговорност за безбедноста на Европа и пошироко.
- Потврдена е непоколебливата поддршка за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во рамките на нејзините меѓународно признати граници, а Русија е осудена како агресор.