ЕУ доби 1,4 милијарди евра приход од замрзнатиот руски имот, средствата ќе ги насочи на поддршка на Украина
- Европската Унија доби 1,4 милијарди евра приход од каматата на замрзнатиот имот на Централната банка на Русија, средства кои ќе бидат насочени кон финансиска поддршка на Украина, соопшти Европската комисија.
- Замрзнувањето на средствата на Централната банка на Русија е дел од поширок пакет санкции што ЕУ и нејзините членки ги воведоа како одговор на руската агресија врз Украина.