ЕУ ги ограничува визите за државјаните на Сомалија поради недоволна соработка за депортации
- Европската Унија одлучи да воведе ограничувања за издавање визи на државјаните на Сомалија, откако во извештај на ЕУ е заклучено дека земјата не соработува доволно во процесот на враќање и депортација на своите државјани.
- Според денеска објавеното соопштение, привремените ограничувања предвидуваат сомалиските државјани повеќе да не можат да добиваат визи за повеќекратен влез, а рокот за обработка на апликациите за виза да биде продолжен од 15 на 45 дена.