ЕСЕНСКА ЕКОНОМСКА ОФАНЗИВА НА ЕУ: Европа планира значително зголемување од една третина на санкциите против Русија
- Европската Унија наесен планира значително проширување на санкциите против Русија, при што бројот на санкционирани руски физички и правни лица би можел да се зголеми за една третина, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Каја Калас.
- Санкциите на ЕУ досега ја чинеле руската воена машинерија повеќе од трилион евра, а наесен предлагам најсеопфатен список на санкции од почетокот на војната“, изјави Калас за германскиот весник „Велт“.