Ердоган: Хамас покажува вистинска соработка за мировниот план, Израел продолжува со нападите
- Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја пофали палестинската милитантна организација Хамас за нејзината соработка и исполнувањето на обврските во рамки на планот за мир во Газа, во интервју за „Ал Џезира“.
- Тој истакна дека Хамас покажува „вистинска соработка“, истовремено критикувајќи го Израел за продолжувањето на нападите врз Појасот Газа и додавајќи дека американскиот претседател Доналд Трамп исто така е загрижен поради таквите постапки на израелската страна.