Ердоган вели дека Турција работи на воспоставување мир во војната на САД и Израел против Иран
- Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција ќе продолжи да работи со сите свои ресурси за да воспостави мир во војната на САД и Израел против Иран, за која рече дека ги погодила турската економија и целиот свет.
- Не паѓаме во стапиците што ни се поставени – рече Ердоган во говор по седницата на кабинетот во Анкара, нагласувајќи дека Турција е „решена да се држи настрана од огнениот прстен“.