ЕП ја осуди репресијата во Белорусија, Никарагва, Куба и Буркина Фасо
- Пратениците во Европски парламент денеска усвоија резолуции за Куба, Белорусија, Буркина Фасо и Никарагва поради репресија, кршење на човековите права, потиснување на граѓанското општество и слободата на медиумите.
- Европратениците ја осудија систематската репресија што ја спроведува кубанскиот режим, повикаа на длабоки економски и политички промени во земјата и ја повикаа Европска Унија да воведе санкции кон одговорните за репресијата.