ЕК: Засега нема извештаи за нелегални преминувања од Сеута кон континентална Шпанија
- Досега немаме добиено извештаи за нелегални преминувања на мигрантите, кои масовно влегоа во Сеута, кон континентална Шпанија, изјави денеска портпаролот на ЕУ, цитиран од британските медиуми.
- Разбравме од шпанските власти дека досега нелегалните преминувања кон континентална Шпанија и Европа се успешно спречени, изјави портпаролот на прес-конференција.