ЕДЕН ЗАГИНАТ ВО НАПАД СО РУСКА РАКЕТА „ИСКЕНДЕР“ ВРЗ ОДЕСА Погодено е земјоделско претпријатие
- Русија синоќа со балистичка ракета „Искандер“ погоди земјоделско претпријатие во регионот Одеса во Украина, при што едно лице загина, а три се повредени, објави претседателот на регионалната воена администрација на Одеса, Олег Кипер, на својот Телеграм канал.
- Како резултат на нападот избувна пожар, возила и резервоари за гориво се запалија.