ЕВРОСТАТ: Речиси два пати помалку деца се родени во ЕУ во 2024 година отколку пред шест децении, жените се подоцна го раѓаат првото
- Во Европската унија во 2024 година се родени 3,55 милиони бебиња, што е намалување од 3,3% во споредба со 2023 година, додека вкупната стапка на фертилитет за 2024 година изнесува 1,34 живородени деца по жена во ЕУ, што е намалување во споредба со 1,38 во 2023 година.
- Во 2024 година, Бугарија забележа највисока вкупна стапка на фертилитет во ЕУ со 1,72 живородени деца по жена, по што следуваат Франција со 1,61 и Словенија со 1,52.