Европската Унија ја предупреди Албанија: Спорниот туристички проект може да го загрози патот кон членството
- Европската комисија ја предупреди Албанија дека контроверзниот туристички проект во заштитеното подрачје Вјоса-Нарта, кој се поврзува со бизнисменот Џаред Кушнер, би можел да влијае врз нејзиниот напредок на патот кон членство во Европската Унија.
- Според Европската комисија, албанскиот министер за животна средина Софјан Јаупај информирал дека работите на проектот се стопирани и дека ќе биде спроведена процена на влијанието врз животната средина со учество на граѓански организации.