Европската комисија го потпиша договорот SAFE со Романија вреден 16,68 милијарди евра
- Европската комисија го потпиша договорот во рамките на безбедносниот инструмент SAFE со Романија, со што земјата добива пристап до 16,68 милијарди евра наменети за одбранбена и стратешка инфраструктура, соопшти романското Министерство за финансии.
- Преку SAFE, Романија не само што инвестира во одбраната и безбедноста, туку ја создава и можеби најважната можност во последните децении за поврзување на Молдавија со главната европска инфраструктура, посочуваат од романското министерство.