ЕВРОПА Ѝ ЧЕСТИТА НА СРБИЈА Вратите на ЕУ се отворени, земјата отвори ново поглавје
- Лидерите на Европската Унија ѝ честитаа на Студентската листа за победата на предвремените парламентарни избори во Србија и најавија поддршка за реформите и за напредокот на земјата кон членство во ЕУ.
- Подготвени сме да ги поддржиме реформите во областите на владеењето на правото, слободата на медиумите, борбата против корупцијата и зајакнувањето на демократските институции, како и заеднички да работиме на напредокот на Србија кон иднина во рамките на Европската унија“, изјави Урсула фон дер Лајен.