Европа избира нов изглед на еврото: Бетовен, Марија Кири или реки и птици
- Европската централна банка (ЕЦБ) ги претстави десетте финални решенија за идниот изглед на евро банкнотите и ги повика граѓаните да учествуваат во јавната консултација, преку која ќе можат да дадат мислење за предложените дизајни.
- Јавната анкета ќе биде отворена до 21 септември, а Управниот совет на ЕЦБ се очекува до крајот на годината да го избере конечниот изглед на новата серија банкноти.