ДОДЕКА ТРАМП Е АМЕРИКАНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЌЕ НЕМА РЕФЕРЕНДУМ ЗА НЕЗАВИСНОСТ НА КВЕБЕК Изјаснувањето во канадската покраина ќе чека помирни времиња
- Лидерот на сепаратистичката партија на Квебек, Пол Сен-Пјер Пламондон најави дека ќе го одложи секој референдум за независност од Канада сè додека Доналд Трамп е претседател на САД.
- Пламондон, лидер на Партијата Квебек – која моментално е надвор од власт, но би можела да победи на следните избори во Квебек, што мора да се одржат најдоцна до 5 октомври – рече дека владата предводена од неговата партија сепак ќе распише референдум за време на својот прв мандат, но не пред 20 јануари 2029 година, кога завршува мандатот на Трамп.