Добитничката на Нобеловата награда за мир одби да се сретне со шпанскиот премиер
- Шефицата на венецуелската опозиција, Марија Корина Мачадо, која е на европска турнеја, одби да се сретне во Мадрид со шпанскиот премиер Педро Санчез, кој има лоши односи со американскиот претседател Доналд Трамп, на чија поддршка смета Мачадо.
- Мачадо нагласи дека, со оглед на тоа што станува збор за состанок на лидерите на левицата во Барселона, не е соодветно да се сретне со Санчез.