Дипломатско-технолошки судир: Полска бара Маск итно да ја врати земјата во европскиот роаминг на „Старлинк“
- Доколку (Илон) Маск сака да работи во Полска, да има корист од полскиот пазар и да заработува од полските корисници, тогаш мора да се однесува кон нив праведно и рамноправно“, порача Гавковски на платформата Икс.
- Според анализите на експертите, компанијата на Илон Маск ја исклучи Полска од европскиот регионален роаминг со цел да го спречи неконтролираното користење на терминалите за „Старлинк“ кои се купени и регистрирани во Полска, а потоа полските граѓани им ги предаваат на користење на Украинците.