Делегација на талибанците по првпат од 2021 година на разговори со ЕУ во Брисел
- Делегација на талибанските власти во Авганистан се сретна со претставници на Европската комисија во Брисел, каде што започнаа разговори за конзуларни прашања, соопшти портпаролот на авганистанското Министерство за надворешни работи.
- Меѓу темите на разговорите биле можноста за обновување на конзуларните услуги за авганистанските државјани во Европската Унија, конзуларното присуство, како и „потребата од мерки за градење доверба“, изјави портпаролот Абдул Кахар Балхи.