Две години од трагедијата во Нови Сад, комеморација за 16-те жртви
- Две години по несреќата, во Србија се водат три одвоени правни постапки поврзани со уривањето на настрешницата, но сè уште нема правосилна пресуда за трагедијата во која загинаа 16 лица меѓу кои и Васко Саздовски од Свети Николе, научник и истражувач кој работел за Институтот „Биосенс“ во Нови Сад.
- Студентите ве повикуваат во недела, 1 ноември, да присуствувате на комеморативниот собир посветен на жртвите од уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад.