Дан: Европа е мета на хибридна војна
- Дан оцени дека заканата од Русија не се ограничува само на Украина и дека Европа е мета на хибридна војна која, како што рече, опфаќа кибер-напади, кампањи за дезинформации, саботажи и попречување на работата на клучната инфраструктура, со цел подривање на довербата на граѓаните во демократските институции и одвраќање од поддршката за Украина.
- Претседателот на Романија, Никушор Дан, денеска во обраќањето на Генералното собрание на Обединетите нации изјави дека заканата што ја претставува Руската Федерација ја надминува Украина и дека Европа се соочува со хибридно војување, вклучувајќи кибер-напади, кампањи за дезинформации и саботажи на клучната инфраструктура.