Гутереш на вонредна седница на СБ на ОН: Војната во Украина се заканува да излезе од контрола
- Високиот комесар на ОН за човекови права, Волкер Турк, ги повика двете страни да се вратат на преговорите и наведе неколку неодамнешни напади кои предизвикаа големи цивилни жртви, вклучувајќи го и рускиот напад врз станбена зграда во Киев претходно овој месец, во кој се смета дека загинаа 24 цивили.
- Обединетите нации синоќа предупредија на опасната ескалација на војната во Украина поради бранот големи руски напади и заканите за понатамошни напади, а генералниот секретар Антонио Гутереш изјави дека „спиралата на смртта мора да се запре“.