Вучиќ: Распишување вонредни парламентарни избори не зависи од резултатите од локалните избори
- На прашањето за изјавата на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ дека ќе го предупреди НАТО за новото оружје што го има Србија, Вучиќ рече дека веќе една година „слуша приказни“ дека Хрватска има подобра и посилна армија од Србија, и дека во Загреб сега биле „изненадени“ кога виделе дека Србија има хиперсонични балистички ракети.
- Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека најважно е локалните избори на 29 март (во 10 локални самоуправи) да бидат демократски, народот да одлучи „како сака, според својата совест“, но распишувањето вонредни парламентарни избори „ни најмалку да зависи од резултатите од локалните избори“.