Во ОН денеска продолжуваат сослушувањата на кандидатите за генерален секретар на организацијата
- Според ротирачкото правило, по кое се менуваат регионите, новиот генерален секретар би требало да биде од Латинска Америка, а едно од правилата подразбира и дека првиот човек на организацијата никогаш не доаѓа од редовите на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН – Британија, Кина, Франција, Русија и САД.
- Кандидати се Мишел Башеле од Чиле, Рафаел Гроси од Аргентина, Ребека Гринспан од Костарика и Маки Сал од Сенегал, а доколку некоја од кандидатките ја добие довербата на членките на ОН, би било првпат во историјата на ОН на чело да се најде жена.