Во ЖИВО | Парада без тенкови, ракети и оружје – Путин: Победата секогаш била и ќе биде наша
- Рускиот претседател Владимир Путин денес на воената парада на Црвениот плоштад, по повод одбележувањето на победата над нацистичка Германија во Втората светска војна, изрази уверување дека Русија ќе победи во војната против Украина.
- Зеленски, кој претходно оваа недела изјави дека руските власти „се плашат дека беспилотните летала може да зујат над Црвениот плоштад“ на 9 мај, по објавата на Трамп, издаде декрет со кој потсмевливо „дозволува“ на Русија да ја одржи парадата и привремено го прогласи Црвениот плоштад за забранета зона за украински напади.