ВО ЕУ СЕ РАЃААТ РЕЧИСИ ДВА ПАТИ ПОМАЛКУ БЕБИЊА ОТКОЛКУ ПРЕД 60 ГОДИНИ, А ВО МАКЕДОНИЈА И УШТЕ ПОМАЛКУ Жените сѐ подоцна го раѓаат првото дете
- Во Европската унија во 2024 година се родени 3,55 милиони бебиња, што е намалување од 3,3% во споредба со 2023 година, додека вкупната стапка на фертилитет за 2024 година изнесува 1,34 живородени деца по жена во ЕУ, што е намалување во споредба со 1,38 во 2023 година.
- Во Македонија стапката на фертилитет во последните десет години, исто така, се намалува и се движи од 1,52 во 2004 и 2014, на 1,49 во 2023 и 1,44 живородени деца по жена во 2024 година.