Во Белград уапсен возач осомничен за обид за убиство при пробивање студентска блокада
- Белградската полиција приведе возач осомничен за обид за тешко убиство, откако со автомобил се обидел да пробие блокада кај Правниот факултет, каде што секојдневно им се оддава почит на загинатите при падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.
- Во соопштението на српското Министерство за внатрешни работи се наведува дека е уапсен М. С. кој со автомобил удрил 90-годишен маж, а одредено му е задржување до 48 часа поради сомнение дека сторил кривично дело тешко убиство во обид.