(Видео) Рекордна заплена во Австралија: Во подземни бункери откриени 2,7 тони кокаин
- Австралиската полиција ја спроведе најголемата заплена на кокаин во историјата на земјата, откако во систем на подземни бункери во западен Сиднеј беа пронајдени 2,7 тони од оваа дрога, соопштија властите.
- Кокаинот, чија улична вредност се проценува на 816 милиони австралиски долари, односно околу 500 милиони евра, бил откриен во петокот на имот во населбата Лондондери, во западниот дел на Сиднеј.