ВИДЕО Путин отиде со автомобил до хотел во Москва за да ја земе својата учителка на вечера
- Владимир Путин во понеделникот навечер сам управувал автомобил низ центарот на Москва, каде што се сретнал со својата поранешна учителка Вера Гуревич и ја поканил на вечера во Кремљ.
- Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, Владимир Путин ја поканил Гуревич во Москва за парадата по повод Денот на победата во Втората светска војна на Црвениот плоштад на 9 мај, а таа била сместена во хотел во центарот на Москва.