(Видео) Отфрлени обвиненијата против девет студенти во Белград за обид за уривање на уставниот поредок
- Судијата на Вишиот суд во Белград, Милош Лабудовиќ, соопшти дека се отфрлени обвиненијата против девет студенти, кои беа товарени за обид за уривање на уставниот поредок по минатогодишниот Видовденски протест.
- Ова уследи откако Вишото јавно обвинителство се откажа од гонењето, по одлуката на Апелацискиот суд со која клучните докази – тајните снимки направени од БИА – беа прогласени за недозволиви.