(Видео) Илјадници протестираа во Мадрид против политиката на Владата кон мигрантите во Сеута
- Илјадници луѓе со шпански знамиња денеска се собраа во центарот на Мадрид на протест против начинот на кој левичарската Влада на премиерот Педро Санчез се справува со ситуацијата во шпанската енклава Сеута во Северна Африка.
- Демонстрантите, собрани на иницијатива на конзервативната платформа „Sociedad Civil Española“ под мотото „За достоинството и одбраната на Шпанија“, побараа оставка од Санчез и распишување предвремени избори.