(Видео) Демонстрант го прекина говорот на Трамп и му викаше „педофил“ на митинг, обезбедувањето го исфрли надвор
- Говорот на американскиот претседател Доналд Трамп во Пенсилванија вчера накратко бил прекинат откако демонстрант почнал гласно да извикува навреди, по што бил отстранет од обезбедувањето.
- Инцидентот се случил во фабриката за камиони „Мек Тракс“ во местото Маканџи, каде што Трамп одржувал обраќање пред присутните.