„Вашингтон Пост“: Иран сè уште има значајни ракетни капацитети и може да издржи со санкциите
- Еден американски функционер за весникот изјави дека проценките покажуваат дека способноста на Иран за долгорочен економски отпор е значително поголема од претходно проценетата од Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА).
- И покрај неколкунеделните американски и израелски напади, Иран сè уште има значајни балистички ракетни капацитети и способност да издржи економски притисок најмалку три до четири месеци, покажува анализата на американското разузнавање доставена до Белата куќа, до која денеска имаше пристап „Вашингтон пост“ .