Вадефул од Киев: Путин не смее да профитира од ескалацијата на Блискиот Исток
- Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул вети континуирана поддршка за Украина во борбата против руската инвазија, за време на посетата на Буча заедно со неговите колеги од ЕУ по повод четвртата годишнина од масакрот извршен од руските сили, пренесува ДПА.
- Германија, како основач на Меѓународната комисија за отштета на Украина и поборник за формирање специјален трибунал, останува посветена на целта руските злосторства да не останат неказнети - истакна Вадефул, додавајќи дека Берлин нема да му ја направи услугата на Путин да престане со поддршката за Киев.