Бугарите денеска избираат претседател: Во трката Илијана Јотова и поранешниот премиер Андреј Ѓуров
- Во Бугарија денеска се одржува вториот круг од претседателските избори, на кои граѓаните избираат меѓу Илијана Јотова, вршителка на должноста претседателка на Бугарија, и Андреј Ѓуров, поранешен привремен премиер и некогашен гувернер на Бугарската народна банка.
- Право на глас имаат речиси 6,6 милиони граѓани, а според податоците на Централната изборна комисија, избирачките места ќе бидат отворени од 7 до 20 часот.