Брнабиќ ја обвини опозицијата: „Не бараат избори за демократија, туку за конфликти“
- Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, остро ја критикуваше опозицијата, тврдејќи дека барањата за избори не се мотивирани од демократски принципи, туку од, како што наведе, намера за поттикнување граѓански конфликти.
- Во објава на социјалната мрежа Икс, Брнабиќ напиша дека опозицијата ги користи изборите како средство за политичка мобилизација, а не како начин за изразување на волјата на граѓаните.