БиХ: Во полициска акција уапсени 13 лица, запленети оружје и експлозив
- Полицијата во Босна и Херцеговина уапси 13 лица по извршените претреси на 16 локации во Калесија, Живинице, Братунац, Шековиќи и Осмаци, каде што биле пронајдени оружје, муниција и експлозивни средства.
- При претресите биле одземени автоматски и ловечки пушки, пиштоли, минско-експлозивни средства, како и поголемо количество муниција и други предмети поврзани со кривични дела.