Белгија се соочува со најголемиот шумски пожар во својата историја, ЕУ испрати авиони и хеликоптери
- Европската Унија денеска испрати три хеликоптери и два авиона за гасење пожари во источниот дел на Белгија, откако земјата побара итна меѓународна помош за справување со најголемиот шумски пожар во својата историја – соопшти европската комесарка за управување со кризи, Хаџа Лахбиб.
- Пожарот во областа Високи Фени, најголемото заштитено природно подрачје во Белгија, беснее од вчера, а во неговото сузбивање се вклучени локалните пожарникари, земјоделците и армијата.