Белата куќа отвори „Трамп ТВ“ откако ги укина акредитациите на дел од медиумите
- Белата куќа синоќа го отвори својот онлајн стриминг канал „Трамп ТВ (Trump TV), во екот на ескалацијата на спорот со главните американски медиумски куќи откако претседателот Доналд Трамп им забрани на новинарите на три медиуми пристап и известување од Белата куќа, јави ДПА.
- Лансирањето на „Трамп ТВ“ доаѓа откако Трамп во петокот објави дека го одзема пристапот до Белата куќа за новинарите од Си-ен-ен, Ем-ес,ен-би-си и Политико, ескалирајќи го долгогодишниот спор со медиумите.
- Трите медиуми вчера поднесоа тужба против администрацијата, велејќи дека нејзините постапки ги загрозуваат слободата на медиумите и правото на јавноста на независно новинарство.
Извори
-
Белата куќа го отвори каналот за стриминг „Трамп ТВ“ кој ќе ги пренесува неговите активности
Извор: republika.mk
-
ТРАМП ОТВОРИ КАНАЛ: Трамп ТВ емитува говори од претседателот и снимки од американски воени вежби 24 часа
Извор: denesen.mk
-
Белата куќа отвори „Трамп ТВ“ откако ги укина акредитациите на дел од медиумите
Извор: kanal5.com.mk