Арагчи во разговор со Баро: Прекумерните барања на САД доведоа до неуспех на преговорите
- Во конфликтот меѓу САД и Израел со Иран, кој започна на 28 февруари, откако преговорите за иранската нуклеарна програма не успеаја да постигнат договор, на 8 април беше постигнат договор за двонеделен прекин на огнот, што му овозможи на Пакистан да посредува во преговорите во Исламабад.
- Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, денека, за време на телефонскиот разговор со неговиот француски колега Жан-Ноел Баро, изјави дека неуспехот да се постигне договор во преговорите меѓу Иран и САД, со посредство на Пакистан, се должи на прекумерните барања и промените во позициите на Вашингтон.