Американски медиуми пишуваат дека Иран се уште располага со голем дел од ракетниот арсенал
- Иран сѐ уште располага со поголемиот дел од своите мобилни ракетни системи и ракетен арсенал, објавија американски медиуми повикувајќи се на доверливи проценки на американските разузнавачки служби.
- Извештаите на американските медиуми се разликуваат од ставот на администрацијата на САД, која претходно тврдеше дека Иран бил значително воено ослабен по конфликтот што Израел и САД го започнаа кон крајот на февруари.