DAY.MK

обновено 11:36, 17.03.2026

Американската амбасада во Багдад нападната со беспилотни летала

пред 4 часа 3 извори
Американската амбасада во Багдад нападната со беспилотни летала

Кратко

  • Багдад – Ракети и најмалку пет беспилотни летала денеска биле лансирани врз американската Амбасада во Багдад од областите околу градот, соопштија ирачки безбедносни извори, опишувајќи го нападот како најинтензивен од почетокот на американско-израелската војна со Иран.
  • Британските медиуми објавија дека неименувано лице видело најмалку три беспилотни летала како се движат кон амбасадата и дека системот за воздушна одбрана C-RAM соборил два од нив, додека третиот дрон удрил во комплексот на амбасадата, од каде што можел да се види оган и чад.
  • Групата Катаиб Хезболах вчера соопшти за смртта на свој висок командант и портпаролот на фрупата, а Силите за народна мобилизација соопштија дека во воздушните напади загинале најмалку осум нејзини борци во ирачкиот град Ал-Каим, во близина на Сирија.

Повеќе статии