Ал Будајви: Земјите од Персиски Залив сакаат продлабочување на соработката со ЕУ
- Акциите на Иран претставуваат закана за регионалната стабилност, тие нанесоа длабока рана, посочи ал Будајви, додавајќи оти нападите на Техеран врз цивилни цели во земјите од Персиски Залив се преземени и покрај уверенијата дека овие држави нема да дозволат воени напади врз цели во Иран.
- Според него, потребно е да се продлабочи соработката со ЕУ во областите на одбраната, енергетиката, дигитализацијата.