АКСИОС: Началникот Ден Кејн и адмирал Бред Купер го информирале претседателот Трамп за плановите за можни нови напади врз Иран
- Примирјето меѓу САД и Иран, кое започна на 8 април, „стави точка“ на непријателствата меѓу двете земји поради приближувањето на рокот кога Трамп треба да побара одобрување од Конгресот за продолжување на воените активности, изјави претходно висок функционер од американската администрација.
- Претходно, аналитичари и советници во Конгресот оценија дека Трамп би можел да го извести законодавниот дом за 30-дневно продолжување на овластувањата или едноставно да го игнорира рокот, додека администрацијата тврди дека прекинот на огнот веќе означува крај на конфликтот.