Азизи: Украина е легитимна цел за Иран заради помошта за САД и Израел во војната со беспилотни летала
- Шефот на иранската комисија за национална безбедност, Ебрахим Азизи денеска изјави дека Украина е „легитимна и легална цел“ откако им понуди помош на САД и Израел во војната со беспилотни летала, објави Скај њуз.
- Овој висок ирански функционер изјави дека Украина му помага на Израел со беспилотни летала и поради тоа, „целата територија на Украина, врз основа на член 51 од Повелбата на Обединетите нации, е легитимна и легална цел на Иран“.