Авион на „Рајанер“ се врати во Солун откако за време на летот се откачи прозорец
- Со цел да се минимизира доцнењето, беше обезбеден заменски авион за превоз на патниците до Меминген, кој утрово полета од Солун во 9. часот по локално време – пишува во соопштението на „Рајанер“, што го објавија грчките медиуми.
- Една од патничките во авионот за Радио Солун објасни дека седела малку поназад од редот каде што се скршил прозорецот, но видела дека повредениот имал крв на главата и се онесвестил, а паралелно сите други патници биле со маски за кислород.
- Еден патник побара и доби медицинска помош по слетувањето во Солун.
Извори
-
АВИОНСКИ ИНЦИДЕНТ НАД МАКЕДОНИЈА: Над Скопје се откачил прозорец од авионот на Рајанер кој утрово летал од Солун за Меминген
Извор: denesen.mk
-
Инцидент во авион на „Рајанер“ над Македонија: се откачил прозорец, повреден е патник, кој можел да излета поради наглата декомпресија
Извор: libertas.mk
-
Авион на „Рајанер“ се врати во Солун откако за време на летот се откачи прозорец
Извор: novamakedonija.com.mk