Ѓорѓиевски: Отворен нов шелтер-центар за жртви на семејно насилство
- Како што информираат од Град Скопје, со потпишување договор, стан во сопственост на Градот е отстапен на Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство Глас против насилство, со што се обезбедува сигурен простор за згрижување и помош.
- Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски информира дека стан во сопственост на Градот е официјално отстапен на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство „Глас против насилство“, со цел обезбедување сигурен простор за згрижување и помош на загрозените […] .
- Од безбедносни причини, локацијата на објектот не се открива јавно.